ВНИМАНИЕ! Силни магнети! WARNING! Strong magnets!

Мали магнети за ГОЛЕМИ креации!

Formi е свет на мали моќни магнетни топчиња. Тие се толку силни што секое од нив мoже да подигне предмет 1000 пати потежок. Соединети заедно, ја предизвикуваат Вашата фантазија и креативност дозволувајќи Ви да направите сè што ќе Ви падне на ум, почнувајќи од прости дводимензионални облици и напреднувајќи кон комплексни тродимензионални форми.

Карактеристики

Користете ги Formi кога сакате да го размрдате мозокот, кога сте напнати или кога сакате да ја убиете досадата. Formi е едукативна, рекреативна, но пред сè забавна играчка која од една страна го поттикнува логичкото размислување и интуитивната перцепција кон геометријата и математиката, а од друга страна ја буди имагинацијата и креативноста.

Formi ќе Ви помогнат продуктивно да се справите со стресот. Мозокот Ви е активен, рацете зафатени, а стресот го канализирате на позитивен начин. Конструираните форми порано или подоцна ќе треба да ги уништите и да направите нови при што самот чин на рушење буди чувство на задоволство.
● Brain massager
   ○ го масира мозокот
● Stress reliever
   ○ ослободува од стрес
● Patience intensifier
   ○ го зајакнува трпението
● IQ elevator
   ○ ја зголемува интелигенцијата
● Creativity expander
   ○ ја експандира креативноста
● Boredom killer
   ○ ја убива досадата

Како работи?

Како и секој магнет, магнетите Formi имаат два магнетни пола. Секоја сфера е со големина од 5mm и внатрешното јадро е направено од неодиум, најсилниот магнетен материјал пронајден досега. Според взаемното привлекување (и одбивање) меѓу сферите, Formi може да се состават во било која замислена форма следејќи ги едноставните правила на магнетизмот. Со други зборови, кога нешто не работи, пробајте пак од обратната страна. Напреднувајќи кон покомплексни дизајни, магнетизмот ќе почнете да го чувствувате како природно сетило.

Formi Original

216 (+2 резервни) двојно пониклувани неодиумски магнетни топчиња, упатство кое ќе Ве воведе во светот на Formi, специјална торбичка каде се чуваат магнетите кога не се во употреба и картичка која служи за раздвојување и мерење.

 


ВНИМАНИЕ! Ситни и силни магнети!
Не се препорачува за деца под 14 години.
Прочитај повеќе во делот ЧПП.

Цена


Formi Raw

216 двојно пониклувани неодиумски магнетни топчиња во пластично кутивче за чување на магнетите.

 


ВНИМАНИЕ! Ситни и силни магнети!
Не се препорачува за деца под 14 години.
Прочитај повеќе во делот ЧПП.

Цена

Како да направам коцка?

Како да направам сфера?



ЧПП

 

 

ВНИМАНИЕ! Ситни и силни магнети!
Не се препорачува за деца под 14 години.

Голтање на едно или повеќе топчиња може да предизвика задушување, опструкција или перфорација на дигестивниот тракт* и слично. Доколку дојде до ова, веднаш побарајте медицинска помош!

*При голтање, магнетите може да се прилепат на одредени места низ дигестивниот тракт и предизвикаат ургентни здравствени проблеми и сериозни хируршки интервенции!

Не ги ставајте топчињата во носот или во устата! Не ги користите магнетите како накит за нос, јазик, уши и сл.! Немојте да експериментирате со магнетите и Вашето тело на начини што би предизвикале да влезат внатре!

Не ги чувајте магнетите блиску до лица со пејсмејкер или сличен апарат, во непосредна близина на кредитни картички, компјутери и слични уреди кои се чувствителни на магнети.

Секогаш чувајте ги магнетите на сигурно и вон дофат на деца! Чувајте ги во специјалната торбичка или пластичното кутивче.

Обидете се да ги најдете! Проверете секаде околу Вас, особено на метални површини каде би можело да се залепат. Овие скоро неуништливи, силни и мали магнети може да бидат сериозно опасни доколку бидат најдени и голтнати од мали деца!

Ако сте сигурни дека не можете да ги најдете изгубените топчиња или сте сигурни дека се изгубени во комплетно недостапно место и сакате да ги замените, во Formi Original двете резервни топчиња може да ги најдете зашиени во внатрешните ќошеви на торбичката (ослободите ги со сечење на ќошињата). Исто, може да купите неколку магнети за да ги замените изгубените ако ни пратите фотографии од Вашите магнети и ни пишете на contact@snap.mk.

Се извинуваме доколку Вашата нарачка е оштетена! Откако ќе го добиете пакетот, отворите и приметите дека има видливи оштетувања Ве молиме да не го отварате производот, туку сликаjте го каде што е оштетен заедно со пакетот и пратете ни ги сликите. На наш трошок ќе Ви испратиме нов производ и организираме да се подигне оштетениот од кај Вас.

Контакт

Доколку имате прашања и коментари во врска со нашиот бренд или производи, ве молиме пишете ни порака.